Штип

Гласен текстилец: Синдикално обединување на вработените во приватниот сектор

01.05.2022 11:26

Работничките права во приватниот сектор се кршат. Вработените не се обединети и организирани, а инспекциските контроли се недоволни. Ново синдикално движење најавува невладината „Гласен текстилец“ од Штип...

На вработените во приватниот сектор потребен им е силен синдикат кој ќе ги застапува. Од невладината „Гласен текстилец“ најавуваат синдикално обединување на работниците во индустријата, бидејќи необединети и во страв од загуба на работното место, не може да се изборат за своите права.

„Не се проблем законите за правата на вработените, проблем е нивната имплементација“, вели пратеникот Трајче Димков.

Согласни се и граѓаните, инспектори има малку, а стравот од загуба на работата е голем.

Вработените во текстилниот сектор, доминантен во Штип, сега повеќе од порано се свесни за своите права и често пријавуваат незаконитости. И менаџерите на дел од конфекциите изразуваат подготвеност за соработка со работнички синдикат, велат од „Гласен текстилец“.

Славица Величковска