Битола

ХМС Стрежево: Пелагониските земјоделци ќе имаат богата и долга наводнувачка сезона

01.05.2022 11:56

Акумулацијата чиј максимум е 118 милиони метри кубни вода веќе е исполнета над две третини од капацитетот. Богатата хидролошка година овозможи алементациониот канал и понатаму да носи максимални количини на вода. Раководството очекува исполнетоста да постигне 106 милиони метри кубни. Поради безбедносни причини на браната и вишокот на вода активирани се и четирите хидроцентрали...

Ако минатата есен ги цедеше и последните количини на вода од експлотациониот минимум, акумулацијата Стрежево пролетва може да бира до која највисока кота ќе се полни. Досега, акумулирани се над 80 милиони метри вода, но големите наслаги од снег на Пелистер овозможија алементациониот канал и понатаму максимално да влева по пет метри кубни во секунда. Раководството на претпријатието ги има предвид и безбедносните мерки.

Да се има над 60 милиони метри кубни вода за експлоатација по цена од само еден денар за кубен метар, пелагониските земјоделци добро знаат што значи да се има парцели во рамките над системот.

Вишокот на вода и превентивните мерки, причина во погон да се стават и хидроцентралите. Секундарна дејност која носи голем финансиски инпут.

Граматковси вели, состојбите годат, но тоа не треба да значи дека треба да го загубиме чувството за штедење на водата, бидејќи којзнае каква ќе биди хидролошки следнава година.

Стевче Митревски