Рајс замина во пливачка пензија
Тројната олимписка шампионка Стефани Рајс објави крај на кариерата. Со видео на нејзината интернет страница, австралиската пливачка ја извести јавноста дека се откажува од активното пливање. Причина за пензионирањето е повредата на рамото поради којашто Рајс претрпе повеќе операции.
На олимписките игри во Пекинг во 2008-ма, таа го освои златниот медал и го урна светскиот рекорд во трките на 200 и на 400 метри мешано, а на тронот се качи и со штафетата четирипати по 200 метри.

„Сакам да се докажам и надвор од пливачкиот базен“, напиша Рајс без да објави во која област ќе продолжи да работи. Се шпекулира дека ќе се обиде во модниот бизнис во којшто Австралијката веќе има искуство.