Македонската евровизиска делегација полетува за Торино
Музичката емисија Стисни Плеј традиционално подготви специјално евровизиско издание за испраќање на македонскиот тим во Италија со позитивна мисла и желби за успех, но во емисијата беа истакнати и сите активности коишто му претходеа на конечното пристигнување во Торино, со цел обемноста и разноликоста на проектот Евровизија да се доближи до гледачите.

Македонската евровизиска делегација денес полетува за Торино, а веќе утре, на 3-ти мај нашата претставничка Андреа ќе ја има првата техничка проба во Пала Олимпико со што и за прв пат ќе се соочи со вистинската евровизиска сцена.
Музичката емисија Стисни Плеј традиционално подготви специјално евровизиско издание за испраќање на македонскиот тим во Италија со позитивна мисла и желби за успех, но во емисијата беа истакнати и сите активности коишто му претходеа на конечното пристигнување во Торино, со цел обемноста и разноликоста на проектот Евровизија да се доближи до гледачите.
Гости во емисијата беа евровизиската претставничка Андреа, се разбира, заедно со нејзиното вокално засилување – придружните вокали Ана Петановска и Рената Кралевска.
Од денес па се до втората полуфинална вечер на 12-ти мај, со амбиции и желби и за финалето на 14-ти мај, евровизиската агенда е исполнета со бројни настапи, средби со медиуми и прес-конференции, а секако во фокусот се техничките и генерални проби кои директно влијаат на финалниот настап на Андреа. За сите понатамошни евровизиски активности редовно ќе ве информира Јавниот Сервис.
