Победи за лидерот Пелистер, МЗТ Скопје и ТФТ
Во Битола лидерот Пелистер го совлада Еуроникел со 100:83, а МЗТ Скопје беше убедлив против Гостивар со 78 55. Во меѓувреме и освојувачот на купот ТФТ имаше сигурен настап и со 85:74 беше подобар од Феникс 2010. Во „плеј аут“ лигата МЗТ Скопје 2-Ангели 87:82.

Кошаркарите го одиграа 4-то коло во Суперлигата, во кое водечкиот Пелистер и шампионот МЗТ Скопје беа сигурни пред своја публика. Во Битола лидерот Пелистер го совлада Еуроникел со 100:83, а МЗТ Скопје беше убедлив против Гостивар со 78 55. Во меѓувреме и освојувачот на купот ТФТ имаше сигурен настап и со 85:74 беше подобар од Феникс 2010. Во „плеј аут“ лигата МЗТ Скопје 2-Ангели 87:82.
На табелата Пелистер води со 49 бода, еден повеќе од МЗТ Скопје, во пресрет на меѓусебниот дуел, кој ќе се игра во четврток во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
