Фудбал

Македонија ЃП го доби дербито со Академија Пандев

01.05.2022 22:28

Во дербито Македонија ЃП-Академија Пандев 1:0, Борец –Скопје 1:0, Пелистер -Тиквеш 1:1 и Ренова - Струга Трим Лум 1:1. Вчера Брегалница беше убедлива против Шкупи со 3:1, Шкендија минимално со 1:0 славеше против Работнички.

Во првата Македонска фудбалска лига се одигра 30-то коло, во кое од четири натпревари, два завршија со минимална победа, два со поделба на пленот. Во дербито Македонија ЃП-Академија Пандев 1:0, Борец –Скопје 1:0, Пелистер -Тиквеш 1:1 и Ренова - Струга Трим Лум 1:1. Вчера Брегалница беше убедлива против Шкупи со 3:1, Шкендија минимално со 1:0 славеше против Работнички.

На табелата Шкупи уште во претходното коло ја обезбеди титулата. Води со 71 бод, пред Шкендија со 59, Академија Пандев 58, Македонија ЃП 56, Брегалница 42. Шеста е Струга Трим Лум со 40 бода, зад неа се Ренова со 39, Работнички со 37, Тиквеш има 31, Скопје 29, а на последните две позиции се Борец со 21 и Пелистер со 11 бода.