Вардар со втора победа во Битола во пресметките со Е. Пелистер
Вардарци со втора гостинска победа сезонава покажаа дека подобро играат на гости и подобро под притисок, што не може да се каже за Е. Пелистер, кој вторпат дома во директните соочувања со двојниот европски првак ги разочара своите навивачи.
Први мај за ракометарите донесе клучен меч во борба за титулата. Големото дерби во 7-то коло од Суперлигата му припадна на Вардар, кој со 26:23 во Битола му врати на Еурофарм Пелистер за поразот во Скопје во 2 коло. Вардарци со втора гостинска победа сезонава покажаа дека подобро играат на гости и подобро под притисок, што не може да се каже за Е. Пелистер, кој вторпат дома во директните соочувања со двојниот европски првак ги разочара своите навивачи.
Домашните влегоа со предност од 2 бода на табелата и со победа планираа да се приближат до шампионската титула, но така не мислеа „црвено црните“ кои се вратија на врвот, со бод пред битолчани. Во сенка на овој натпревар, Бутел Скопје го совлада Охрид со 19:17, додека вчера Еурофарм Пелистер 2 одигра нерешено, 25:25 со Тиквеш.
