Свет
ЕУ може да воведе забрана за увоз на руска нафта
02.05.2022 15:21
Брисел подготвува шест пакети санкции против Москва како одговор на инвазијата во Украина, којашто Русија ја нарекува „специјална воена операција“.

До крајот на годинава, Европската Унија може да воведе забрана за увоз на руската нафта – најавија двајца дипломати по разговорите на Еврокомисијата и земјите-членки за време на минатиот викенд.
Брисел подготвува шест пакети санкции против Москва како одговор на инвазијата во Украина, којашто Русија ја нарекува „специјална воена операција“.
Се очекува со мерките да бидат опфатени нафтата, банките на Русија и Белорусија, како и повеќе поединци и компании.
