Европа
Прислушувани мобилните телефони на премиерот и министерката за одбрана на Шпанија
02.05.2022 15:40
Официјален Мадрид најавува истрага за интервенцијата којашто според властите била„незаконска и надворешна“.

Шпанската влада соопшти дека мобилните телефони на премиерот на земјата Педро Санчез и на министерката за одбрана Маргарита Роблес биле прислушувани со помош на шпионски софтвер Пегасус.
Официјален Мадрид најавува истрага за интервенцијата којашто според властите била„незаконска и надворешна“.
Мобилната комуникација на лидерите била интензивно следена во периодот од мај до јуни во 2021 година.
