Регион
Хрватска ги укина ковид- ограничувањата
03.05.2022 09:10
Влезот во Хрватска е дозволен по однос на условите кои важеле пред пандемијата, додаваат од хрватското МВР.

По Грција, Бугарија, Албанија и Италија, ковид ограничувањата ги укина и Хрватска. Отсега за влез во Хрватска нема да биде на сила ниту една ковид- мекра, соопшти хрватското министерство за внатрешни работи.
Влезот во Хрватска е дозволен по однос на условите кои важеле пред пандемијата, додаваат од хрватското МВР. Претходно и Србија донесе одлука за укинување на сите ковид- ограничувања за влез во земјата.
