Свет

Протекување на документ за абортус предизвика протести во САД

03.05.2022 12:21

Протестираат и поддржувачите на ваквата одлука на Врховниот суд. Во документот чија автентичност сѐ уште не е утврдена, мнозинското мислење на Судскиот совет, предлага поништување на пресудата и забрана на абортусот на целата територија на САД.

Америка на нозе откако протекоа документи од Врховниот суд каде што наводно се заговара укинување на абортусот. Во Вашигтон, масовни протести на противниците на укинувањето на пресудата „Ро против Вејд“ донесена во 73-та година од минатиот век, со која се легализираше абортусот.

Протестираат и поддржувачите на ваквата одлука на Врховниот суд. Во документот чија автентичност сѐ уште не е утврдена, мнозинското мислење на Судскиот совет, предлага поништување на пресудата и забрана на абортусот на целата територија на САД.

„Мислам дека ова е само наслов на статија, дека не е вистина, но сепак може и да е вистина, па се надевам дека ваквите протести ќе го привлечат вниманието  кон фактот дека америка не сака да се укине пресудата “Ро против Вејд“. Јас сум овде да дадам поддршка да не се поништи пресудата.“

„Овој принцип во американското право важи веќе 40-тина години, сега не е време да се поништи одлуката за легализација на абортусот.“

Американскиот Врховен суд и Белата куќа засега без коментар за ваквите медиумски тврдења. Протекувањето на документот предизвика шок во САД, не само поради неговата содржина туку и поради тоа што судот досега беше горд што ги држи во тајност своите внатрешни размислувања, коментираат американските медиуми.

Последните анкети покажуваат дека 59 насто од возрасните Американци се за легализација на абортусот, а 39 проценти мислат дека абортусот треба да се забрани во најголемиот број случаи.

Врховниот суд во 1973 година го легализираше абортусот по тужбата на Норма МекКорвеј, која е нарекувана со псевдонимот Џејн Ро. Во 1969 година, останала бремена со трето дете и поднела тужба против јавниот обвинител Хенри Вејд, тврдејќи дека забраната за абортус во Тексас е противуставна.

 

Маја Стојанова