Почна изградбата на новиот терминал за складирање гас во Александруполи
Ковачевски заедно со премиерите од регионот и со првиот човек на Европскиот совет Шарл Мишел во Александропулос на церемонија за новиот терминал за складирање течен природен гас. Проектот треба да ја подобри инфраструктурата и снабдувањето во југоисточна Европа и да ја намали зависноста од рускиот гас...

Почна изградбата на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас во грчки Александруполи. Се очекува за помалку од две години да потечат првите кубни метри течен природен гас.
Македонија обезбедува нова линија за проток на природен гас што ќе ги зголеми капацитетите за дотур, ќе ја зајакне либерализацијата на пазарот и конкурентноста на цените. Договорот со Грција за изградба на прекуграничен интерконектор за природен гас во вредност од 100 милиони евра, нашата Влада го потпиша во јули.
Македонскиот удел е инвестиција од 25% во гасната централа на природен гас од 800 мегавати, за која проценетата инвестиција е над 380 милиони евра, и 10% во гасниот терминал, учество вредно околу 370 милиони евра.
Станицата ќе има капацитет за складирање на 170.000 кубни метри и капацитет за снабдување со природен гас кој ќе надмине 5,5 милијарди кубни метри годишно.
