Македонија
Штип им оддаде почит на Двојаковски и Петров кои загинаа во воениот конфликт кај Ваксинце
03.05.2022 13:34
Во Штип одбележана годишнина од загинувањето на Димитар Двојаковски и Влатко Петров во воениот конфликт во 2001 година. Блиските на загинатите не се задоволни од третманот на државата кон загинатите бранители...

Штип им оддаде почит на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров кои на денешен дена загинаа во Ваксинце во заседа од терористите на УЧК.
И по повеќе од две децении болката кај најблиските е голема.
Споменикот на бранителите во Штип е посветен и на Кирчо Димитриов, Дејан Јакимовски и Теодор Стојановски кои загинаа кај Танушевци. Сите петмина се одликувани со медал за храброст.
Во воениот конфликт во 2001 година загинаа 75-мина бранители од АРМ и Министерството за одбрана, а над 340 беа ранети.
Славица Величковска
