Здравство

21 нов случај со Ковид-19, починати две лица

03.05.2022 13:34

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а бројот на активни случаи изнесува 572.

Во последните 24 часа направени се 773 тестови, а  регистриран е 21 нов случај на Ковид-19 во Скопје – 9, Битола – 5, Кавадарци и Охрид – по 2, Штип, Кичево и Делчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (21), регистрирани се 5 реинфекции. Регистриран e 71 оздравен пациент.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (66г) и Штип (80г). Лицата се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 29.04.-01.05.2022 година.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а бројот на активни случаи изнесува 572.

Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на Ковид-19.