Штрајк

Продолжува штрајкот на Управата за водење на матични книги

03.05.2022 13:48

Веќе 4 работни денови изводи од матичните книги на венчани, родени и починати, како и слободни брачни состојби не се издаваа во цела држава...

Изводи сè уште не се издаваат. Околу 500 вработени во Управата за водење на матични книги сè уште штрајкуваат и се надеваат дека надлежните ќе најдат решение за нивните проблеми.

Веќе 4 работни денови изводи од матичните книги на венчани, родени и починати, како и слободни брачни состојби не се издаваа во цела држава. Граѓаните со поддршка за вработените, а за некои не е во ред да штрајкуваат.

Од независниот Синдикат на Управата за водење на матични книги велат дека досега никој од надлежните не ги исконтактирал. А за утре се повикани на средба со директорот на Управата. Синдикалците велат, граѓаните ги разбираат и поддржуваат, претпоставените вршат притисок врз вработените.

Имаат поддршка и од Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија. Додаваат дека доколку не се најде решение не е исклучена можноста да почнат и со протести со блокирање на улици и на крстосници. Бараат усогласување на платите со минималната, нов колективен договор.

Ана Ј. Тодоровска