Панел-дискусија

Битката за медиумска слобода не е завршена

03.05.2022 15:37

Битката за квалитетно новинарство и медиумска слобода не е завршена порачаа од медиумската заедница на панел-дискусијата посветена на безбедноста на новинарите и медиумските работници, по повод светскиот ден на слободата на медиумите. Време е за суштински промени кои ќе гарантираат слобода во работењето на новинарите, ослободени медиуми од политички и економски притисоци, согласни се. Претседателот Пендаровски кој беше домаќин на настанот апелираше до државните институции и политичките фактори дека безбедноста на новинарите е пред сè нивна заедничка обврска и тоа не смее да биде само како политичка флоскула...

Претседателот Пендаровски со порака дека ги поддржува предлозите за измените на Кривичниот законик иницирани од страна на ЗНМ и ССНМ со кои се предлага нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела, кои ќе се гонат по службена должност со предвидени повисоки казни за престапниците. Со тоа ќе придонесеме, рече во своето излагање Пендаровски, за поголема заштита на новинарите и медиумските работници и за искоренување на културата на неказнивост која за жал е сè уште поддржувана од некои сегменти во македонското општество.

Мора да ги поставиме приоритетите, да се спротивставиме на медиумската олигархија која е во полигамен брак со политиката и со бизнисот, рече претседателот на ЗНМ Чадиковски. Како фела сме обединети во барањето за формирање на независен национален фонд за создавање на медиумски содржини. Професионалното новинарство чини, добрата информација чини, време, труд, размислувањето, пари. Никогаш не сме барале државни фондови и тоа нема сега да го правиме повторно, додаде Чадиковски.

Од медиумската заедница ги повикаа надлежните во законодавниот дом што поскоро да ги усвои законите на кои се чека долго време. Велат, слободата на медиумите постојано треба да се освојува. 

Фиљана Кока