Македонија

Отворен научниот симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“

03.05.2022 15:49

Не може Комисија да ја пишува историјата на македонскиот народ. Бугарите не нè признаваат како нација, јазик и култура, а ние со нив разговараме...

Не може Комисија да ја пишува историјата на македонскиот народ. Бугарите не нè признаваат како нација, јазик и култура, а ние со нив разговараме. Историчарот Тодор Чепрегаонов повика на прекин на работата на Историската комисија, затоа што како што рече, доведени сме во стуација да не уценуваат.

Одборот за одбележување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на прием на спикерот Џафери. На средбата, меѓу останатото, разговарале и за потребата да бидат изолирани од притисоците на политиката.

На научниот симпозиум посветен на истата тема, зборуваше и претседателот на МАНУ Коцарев. Ги повика историчарите да се обединат околу клучните прашања и да престанат да бидат слуги на политичарите.

Во рамки на симпозиумот беше претставена поштенска марка со ликот на Делчев како и ликовна изложба од сликарот Ангел Петров.

Анита Д. Велковска