Мицкоски најави блокада на Собранието
Тој најави институционална, односно активна блокада на македонското Собрание. Според Мицкоски, исклучок ќе биде направен за законите кои се одснесуваат на повисоките плати за граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за утре најави Извршен комитет кадешто ќе се разговара за потезите на партијата по 10-ти мај. Тој најави институционална, односно активна блокада на македонското Собрание. Според Мицкоски, исклучок ќе биде направен за законите кои се одснесуваат на повисоките плати за граѓаните.
Деструктивноста на Христијан Мицкоски не познава граници, реагираат во СДСМ. Во услови на криза е потребно функционално Собрание кое ќе носи важни закони за граѓаните, а Мицкоски решава да го блокира. Очигледно решил да го надмине и неговиот шеф Груевски, велат во владејачката партија.
