Софија

Дебата за заедничката историја меѓу Македонија и Бугарија

04.05.2022 08:31

Денеска во Софија, под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев, дебата на тема-„Гоце Делчев и заедничката историја на Бугарија и Македонија-меѓу фактите и идеологијата“...

Денеска во Софија, под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев, дебата на тема-„Гоце Делчев и заедничката историја на Бугарија и Македонија-меѓу фактите и идеологијата“.

Добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија ќе бидат стабилни и неповратни во време кога историската вистина ќе нè обединува, објави Радев. Дебатата доаѓа 10-на дена пред одржувањето на состанокот на мешовитата историска комисија, закажана за 12-ти и 13-ти мај во Софија.

Досега комисијата воопшто не расправала за ликот и делот на Гоце Делчев. Реториката меѓу Скопје и Софија се заостри по отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола и обвинувањата на Радев дека во концентрациони логори во Македонија биле убивани бугари, на што македонскиот шеф на државата Пендаровски остро реагираше, квалификувајќи ги како лага и манипулација.