Стартува гласањето за идеалната петорка во АБА лигата

09.04.2014 14:23

Од денес почнува гласањето за избор на најдобрата постава во АБА Јадранската кошаркарска лига. Сите љубители на овој спорт можат да учествуваат во изборот за идеалната постава во регуларниот тек на сезоната, по пат на електронско гласање на веб страницата на најсилното кошаркарско натпреварување. Според процедурата, може да се гласа по еднаш дневно, а гласањето ќе трае се до 20 април, кога ќе се сумираат пристигнатите податоци. Конечниот резултат  ќе биде објавен откако ќе се соберат гласовите од навивачите и од тренерите на клубовите, учесници во лигата.

Од денес почнува гласањето за избор на најдобрата постава во АБА Јадранската кошаркарска лига. Сите љубители на овој спорт можат да учествуваат во изборот за идеалната постава во регуларниот тек на сезоната, по пат на електронско гласање на веб страницата на најсилното кошаркарско натпреварување. Според процедурата, може да се гласа по еднаш дневно, а гласањето ќе трае се до 20 април, кога ќе се сумираат пристигнатите податоци. Конечниот резултат  ќе биде објавен откако ќе се соберат гласовите од навивачите и од тренерите на клубовите, учесници во лигата. МЗТ Скопје Аеродром како единствен македонски претставник ја одигра својата втора сезона, во која се пласира на 9 место со 12 победи и 14 загубени натпревари, а Тодор Гечевски се прости од настапите во АБА лигата, како еден од најдобрите во историјата. 

Гласањето е едноставно, во кое се впишуваат имињата на поедини кошаркари за сите 5 позиции, а може да се оди преку официјалната страница www.abaliga.com или директно на следниот линк 

Инаку, до крајот на сезоната останува уште да се одигра “Фајнал фор“ турнирот, на кој ќе настапат по два клуба од Хрватска и од Србија. Според ждрепката, првото полуфинале се игра на 24 април меѓу Црвена Звезда и Цибона. Ден потоа е натпреварот меѓу Цедевита и Партизан, а на 27 април ќе се игра големото финале.