Укинати ковид- мерките, маски само на одредени места
Надлежните сепак со апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. Вакцинацијата и натаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението, велат од здравство.

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, укинати сите ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари лица.
Надлежните сепак со апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.
Вакцинацијата и натаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението, велат од здравство.
Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.
Според последниот извештај од здравство, во последните 24 часа процентот на новозаразени од Ковид-19 е околу три. Регистрирани се 21 нов случај, од направени 773 тестови. Пет се реинфекции.
Во изминатото деноноќие нема регистрирано починати. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје и Штип во домашни услови, во период од 29-ти април до 1-ви мај.
Оздравел 71 пациент. Во моментов во земјава има 572 активни случаи.
