Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за идните чекори
Партијата најавува блокада на Собранието и кочење на законите, во обид да се спротивстави на, како што велат, штетните политики на владата предводена од СДСМ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за идните чекори по одбивањето на понудата од премиерот Ковачевски за лидерска средба со Мицкоски за датум за предвремени избори.
Партијата најавува блокада на Собранието и кочење на законите, во обид да се спротивстави на, како што велат, штетните политики на владата предводена од СДСМ.
Мицкоски ја критикува владата и во однос на преговорите кои се водат со Бугарија. Смета дека се преговара за нашиот идентитет, а за тоа не се соопштуваат никакви информации.
Среде криза, Мицкоски најавува нови блокади на државата, а СДСМ со граѓаните тоа нема да го дозволи, реагираа од владејачката партија.
Во услови на криза кога на граѓаните им треба функционално Собрание кое ќе носи закони во нивни интерес, Мицкоски решава да го блокира. Очигледно решил по деструкција и пакост да го надмине и неговиот шеф Груевски. Или, токму ова е насоката на Груевски којашто ја спроведува, велат социјалдемократите.
