МВР

Санкционирани 255 возачи за брзо возење на територија на државата

04.05.2022 09:57

17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 255 возачи.

Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 135 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апел од МВР до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.