Македонија
Претседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 119-годишнината од смртта на Гоце Делчев
04.05.2022 11:56
Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 119-годишнината од неговата смрт...

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 119-годишнината од неговата смрт.
„Денеска одбележуваме 119 години од смртта на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев. Тој не е само апостол на македонската револуција, тој е светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи. Слава му“, претходно напиша претседателот на државата на Фејсбук.
