Тупанчески: Перцепцијата за правосудството ќе се подобри ако за тешки кривични дела има пропорционални пресуди
„Не е проблемот само во законите, туку и во начинот на кој се применуваат“, вака министерот за правда Тупанчески ја коментира ниската доверба на граѓаните во судството.

„Не е проблемот само во законите, туку и во начинот на кој се применуваат“, вака министерот за правда Тупанчески ја коментира ниската доверба на граѓаните во судството. Според него, перцепцијата ќе се подобри во оној момент, кога како држава ќе докажеме дека за тешки кривични дела ќе има пресуди кои ќе бидат пропорционални на неправото.
„Не е проблемот само во квалитетот на законите, туку напротив и во начинот на кој тие се имплементираат. Често знам да кажам дека и најлошиот закон може да биде добар закон ако се применува неселективно. Во таа насока работиме на создавање на оптимални услови за правораздавање и во однос на она што се нарекува ефективно и ефикасно правосудство. Во таа насока говориме околу дигитализацијата на судството и јавното обвинителство од една страна, интероперабилноста или поврзаноста меѓу институциите каде што навистина се олесни процесот на добивање информации, меѓутоа и побрзо ќе се стигне до правдата, односно до вистината“, изјави министерот Тупанчески.
Министерството за правда подготвува нов Закон за помилување. Со него е предвидено - прво пресуда, после одлука за помилување.
