МОН-СОНК

Утврден начинот на преговорите, се очекува позитивен исход

04.05.2022 13:42

Продолжува дијалогот Министерство за образование- СОНК, се очекува позитивен исход...

Претставниците на СОНК, на Министерство за образование и медијатор го утврдиле начинот на преговорите, принципите, втемелени биле и барањата на синдикалците, како и позициите на кои застанале пред штрајкот. Првиот човек на СОНК, очекува позитивен исход.

Со објавување во службен весник, деновиве и официјално ќе се продолжи рокот за полагање проектната задача. Ова се однесува на околу 10 проценти од матурантите го испуштиле рокот на 21-ви април, поради штрајкот на СОНК.

Годинава околу 16 илјади ученици се пријавиле за полагање на државна матура.

Првиот екстерен предмет, мајчин јазик се полага на 4-ти јуни. Вториот екстерен предмет, се полага на 13-ти јуни, а веднаш потоа ќе се полагаат интерните испити по избор на ученикот кои ги организираат училишните матурски комисии.

Наташа Ј. Менковски