Македонија

Консултации за трансформација на системот за одбрана

04.05.2022 14:12

Преку платформа за дијалог со граѓанските организации и академската заедница ќе се постави основа за користење на ресурсите во креирањето на јавни политики во областа на одбраната, безбедноста и евроатлантските интеграции.

Почнаа широки консултации во процесот на трансформација на системот за одбрана, што продолжуваат по членството во НАТО, со цел зајакнување на одбранбените способности во периодот 2022-2031 година.

Преку платформа за дијалог со граѓанските организации и академската заедница ќе се постави основа за користење на ресурсите во креирањето на јавни политики во областа на одбраната, безбедноста и евроатлантските интеграции.

Министерството за одбрана ќе обезбеди поддршка во одделот на јавна дипломатија и фондот наука за мир на НАТО во утврдување на потребите и приоритетните области за кои преку јавните повици може да се обезбеди финансирање од Алијансата за проекти на граѓанските организации за зајакнување на цивилната контрола на системот за одбрана и армијата, борбата против лажните вести, хибридните закани.

Ирина Гелевска