Македонија

„Артуро Уи“ премиерно во Битолскиот театар

04.05.2022 14:26

Во петок битолскиот театарски ансамбл на сцената ја поставува третата годинешна премиера „Артуро Уи“ работена по текстот на германскиот драматург и режисер Бертолт Брехт а во режија на Кендрим Ријани на кога ова му е прва режирана претстава на македонски јазик...

„Задржливиот подем на Артуро Уи“ на германскиот драматург Бертолт Брехт е политичка пиеса во сатирична алегорија која го опишува издигнувањето на Адолф Хитлер и нацизмот пред почетокот на Втората Светска војна. Режисерот Кендрим Ријани на кого ова му е прва режирана претстава на македонски јазик смета дека авторот и текстот се вбројуваат меѓу најфамозните на минатиот век а битолскиот ансамбл со своето сиви може да понуди квалитетен производ.

Претставата го третира поединецот кој незаслужено преку криминал и притисок успева да се искачи на скалата на власта претворајќи се во ѕвер кој станува опасен за целото општество. Состојбите се препознатливи и во денешницава велат од 12-сет члената актерска екипа.

Текстот на Брехт во Битолскиот народен театар бил поставен уште пред три четири децении, но за оваа помлада генерација на актери како што велат навистина беше вистински предизвик.

Стевче Митревски