САД

Морнари преместени од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“

04.05.2022 16:46

Морнарите биле префрлени во објект на американската морнарица, но носачот на нуклеарен погон продолжил да плови кон бродоградилиштето Њупорт Њуз во Вирџинија, каде што ќе биде поправен...

Повеќе од 200 членови на морнарицата се префрлени од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“, откако неколку членови на екипажот извршиле самоубиство.

Морнарите биле префрлени во објект на американската морнарица, но носачот на нуклеарен погон продолжил да плови кон бродоградилиштето Њупорт Њуз во Вирџинија, каде што ќе биде поправен.

Во претходните 12 месеци загинаа седум членови на екипажот, од кои четворица се самоубија, поради што американската морнарица покрена истрага.