САД: Време е Северна Македонија и Албанија да ги започнат предпристапните преговори со ЕУ
„Сметаме дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс...

Време е Северна Македонија и Албанија да ги започнат предпристапните преговори со ЕУ, порачаа од Стејт департментот. САД на билатерална основа водат разговори со Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови брзо.
„Сметаме дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Двете земји ги сработија основните задачи и сметаме дека време е да продолжат заедно во следната фаза од долгиот и полн со предизвици процес на пристапување, нагласи Прајс.
Додаде дека „историскиот Договор од Преспа покажа дека земјите од Западен Балкан се способни да завршат тешки работи, да дојдат до компромиси и тешки одлуки, и убедени сме дека Бугарија и Северна Македнија ќе го сторат истото со преговарање на нивните билатерални спорови“.
