КОВИД-19

Кина: Ситуацијата со превенција и контрола на пандемијата во Пекинг сѐ уште е тешка

05.05.2022 09:33

Вкупниот број на потврдени случаи го надмина бројот на заразени во 2020 година. Портпаролот на владата во Кина вели дека и натаму остануваат во сила мерките за контрола на влезот во градот.

По извршените три групи тестирања за Ковид-19, властите во Пекинг велат дека ситуацијата со превенција и контрола на пандемијата во главниот град сѐ уште е тешка.

Вкупниот број на потврдени случаи го надмина бројот на заразени во 2020 година. Портпаролот на владата во Кина вели дека  и натаму остануваат во сила  мерките за контрола на влезот во градот.

Затворени се местата за забави, просториите за интернет услуги,  спортските сали, библиотеките, културните центри и уметничките галерии.