Анализа

Невработеноста ќе продолжи да се намалува!

09.04.2014 15:22

За економистите, невработеноста е сериозен проблем кој не може да се реши на краткок рок. Сепак, потврдуваат дека веќе започнатите политики за поттикнување на вработеноста даваат резултати...

Со влезот на странските компании во земјава ќе се намали невработеноста, прогнозираат надлежните во Агенцијата за вработување. Според нив, дополнителен стимул се очекува и од домашниот приватен сектор кој најави нови работни места. 

„Самото заживување на економијата кај некои работодавачи почнува да се гледа зголемениот капацитет на побарувачка на работна сила. Последните неколку дена гледаме многу огласи од градежните коампнии кои бараат неколку илјади градежни работници тоа е знак дека се оди кон намалување на невработеноста“, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

За економистите, невработеноста е сериозен проблем кој не може да се реши на краткок рок. Сепак, потврдуваат дека веќе започнатите политики за поттикнување на вработеноста даваат резултати.

„Многу е важно и прашањето на поддршка на претприемништвото кое зема одреден замав но смеатм дека таа програма треба да биде подолгорочна за да им се овозможи на оние да им се овозможи пристпа до капитал кој е особено тежок за почетниците“, изјави универзитетскиот професор Марија Зарезанкова Потевска.

Проектите за самовработување, финансиска поддршка за ново вработување, прва шанса за младите, обуки, доквалификации се само дел од мерките кои Агенцијата ги презема за да ја намали високата стапка на невработеност, која лани за прв пат падна под 30%.

 

Соња Јованова- Наумовска