Вселена
Капсулата „Спејс Икс Драгон“ се враќа на Земјата
05.05.2022 10:17
НАСА и „Спејс икс“ велат дека капсулата се одвоила од вселенската станица во 1:20 часот по источно време над Австралија.

Капсулата „Спејс Икс Драгон“ со четворица астронаути ја напушти Меѓународната вселенска станица и се враќа на Земјата.
НАСА и „Спејс икс“ велат дека капсулата се одвоила од вселенската станица во 1:20 часот по источно време над Австралија. Се очекува капсулата да пристигне за околу 23 часа.
