Ден на македонскиот јазик
Ковачевски: Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност
05.05.2022 10:59
Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност и како таков ќе го штитиме и чуваме, порача премиерот Димитар Ковачевски...

Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност и како таков ќе го штитиме и чуваме, порача премиерот Димитар Ковачевски.
Во чест на 5 мај, Денот на македонскиот јазик, на својот Фејсбук- профил тој сподели дека денеска им оддаваме почит на сите оние кои го создавале писмениот, литературен, стандарден македонски јазик.
Нашиот долг кон идните генерации е да го негуваме и да го шириме, наведува Ковачевски.
