Протест

Вработените во Управата за водење матични книги ќе го блокираат центарот на Скопје со возила

05.05.2022 11:39

Тие втора недела штрајкуваат со барање за поголеми плати, а од Конфедерацијата на синдикалните организации, кои заедно со Независниот синдикат на Управата за водење матични книги го организираат собирот, велат дека протестот е поради незадоволство од надлежните институции кои се одговорни за нивните барања.

Вработените од Управата за водење матични книги за денеска најавија протест пред Собранието, кој потоа ќе продолжи кон Министерството за правда. Тие втора недела штрајкуваат со барање за поголеми плати, а од Конфедерацијата на синдикалните организации, кои заедно со Независниот синдикат на Управата за водење матични книги го организираат собирот, велат дека протестот е поради незадоволство од надлежните институции кои се одговорни за нивните барања.

Протестот ќе биде со возила, а од Синдикатот најавуваат дека ќе бидат блокирани двата правци на улицата пред Министерството за правда.