Култура

Пет децении Мајски оперски вечери

05.05.2022 12:16

Со премиерата на операта „Норма“ на Винченцо Белини, а во изведба на сопранот Благица Поп Томова, на 9-ти мај се отвораат годинашните Мајски оперски вечери...

Петдецениски јубилеј на Мајските оперски вечери. Пет децении културен симбол на современието. Со својата специфика, оваа манифестација ги надмина границите на нашата земја и високо се позиционираше во меѓународната сфера.

Со изведба на оперите „Травијата“, „Аида“, „Кармен“, „Севилскиот бербер“, „Жизел“ и многу други, ги задоволи вкусовите и на најпребирливите почитувачи на оперската и балетска уметност.

Со премиерата на операта „Норма“ на Винченцо Белини, а во изведба на сопранот Благица Поп Томова, на 9-ти мај се отвораат годинашните Мајски оперски вечери.

Месец мај е центар на музичко-сценските случувања на операта и балетот. Крстопат на цивилизации од многу земји. Платформа на која се презентираат актуелните вредности на домашните и странските уметници.

На фестивалската сцена, изминатите пет децении продефилира елитата на домашното, европското и светското оперско исполнителство. Директно на големата сцена во Скопје, своите незаборавни креации ги претставуваат извонредни диригенти, оперски и балетски уметници и инструменталисти со нивните бравурозни перформанси, оставајќи траен белег во колективната меморија на манифестацијата.

Александра Спировска