Израел
Израелската полиција се судри со Палестинците во светилиште во Ерусалим
05.05.2022 12:38
Палестинските медиуми објавија дека израелските сили ги растерале Палестинците со солзавец...

Нови судири меѓу Палестинците и израелската полиција на свето место во Ерусалим кое е повторно отворено за еврејските посетители.
Палестинските медиуми објавија дека израелските сили ги растерале Палестинците со солзавец.
Ридот на храмовите, како што светилиштето го нарекуваат Евреите беше затворен од 21-ви април до крајот на Рамазан, во согласност со долгогодишната политика за забрана на немуслиманите да влезат во светилиштето во последните денови од муслиманскиот пост.
