МРТ

Во петок во „Македонија наутро“ ќе гледате...

05.05.2022 12:56

Околу 4.600 припадници на вооружените сили од осум земји членки на НАТО, 45 воздухоплови, авиони и хеликоптери, и над 700 падобрански скокови се дел од воената вежба „Брз одговор“. Воздухопловите кои се дел од најголемата воена вежба организирана на нашата територија досега на дофат на граѓаните в недела на спортски аеродром Стенковец...

Години наназад дел од станбените згради мака мачат со управителите кои би требало да им го олеснуваат функционирањето и одржувањето на заедничките простории во станбената зграда. Со дел од нив како што велат едвај се комуницира, дел се сериозно неажурни, дел со превисоки месечни сметки за надомест, а дел работат и без лиценци. Кои се обврските, но и правата на станарите и каква е улогата на Регулаторната комисија за домување од разговорот со Зоран Маџовски – претседател на Регулаторна комисија за домување.

Околу 4.600 припадници на вооружените сили од осум земји членки на НАТО, 45 воздухоплови, авиони и хеликоптери, и над 700 падобрански скокови се дел од воената вежба  „Брз одговор“. Воздухопловите кои се дел од најголемата воена вежба организирана на нашата територија досега на дофат на граѓаните в недела на спортски аеродром Стенковец.

Социјалното претприемништво и солидарната економија помагаат во заедницата и се  поддршка на маргинализираните групи во нивната реинтеграција и ресоцијалиија во општеството. „Барка- извор на животот“ е документарниот филм кој ја раскажува 30 годишната успешна Полска приказна на овој концепт која ја промовираме во „Македонија наутро“.

А со Ѓорѓи Петровски и Горан Богоевски од здружението „Маседониан бајк рајдерс“ го најавуваме меморијалниот планинарски поход на Скопска Црна Гора годинава наподолнет и со вело тура.

„Македонија наутро“ почнува од 06:45.