Прилеп влезе во зелена фаза од пандемијата
Речиси една недела нема хоспитализации ниту болнички прегледи на ковид пациенти во прилепската болница. Од центарот за јавно здравје велат – градот влезе во зелената фаза, но не сме и рекле збогум на пандемијата. Топлото време е за зголемување на имунитетот..

Мај во Прилеп започна без ниту еден хоспитализиран ковид-пациент ниту со болнички прегледи и влезе во зелената фаза од пандемијата. За две години ова е вторпат да нема хоспитализации, по ланскиот летен период.
Со само 20 активни случаи и со неделна инциденца од 31, градот епидемиолошки е во зелена фаза со стабилна и мирна состојба.
Ќе се обноват болничките соби во инфективното, а епидемиолозите препорачуваат да се искористи топлото време за зголемување на имунитетот за есенски можни бранувања, оти, сè уште не сме ѝ рекле збогум на пандемијата. Од почетокот, во Прилеп заболеа 14.150 граѓани, а 584-ца починаа.
Елизабета Митреска
