Ирак
Над 1.000 луѓе во болница поради песочна бура
05.05.2022 14:06
Станува збор за седма по ред песочна бура што ја погоди земјата во изминатиот месец...

Над 1.000 луѓе завршија во болница поради респираторни заболувања, предизвикани од песочна бура во Ирак. Станува збор за седма по ред песочна бура што ја погоди земјата во изминатиот месец.
„Поради песочната бура која го зафати Багдад, многу пациенти дојдоа во болницата Шеик Зајед на лекување. Покрај кислород, имаме големи количества вентолин и хидрокортизон. Здравствениот и медицинскиот персонал можат да ги примат сите случаи“, рече сестра од болницата Шеик Зајед.
Болниците во Ал-Анбар примија повеќе од 700 пациенти со отежнато дишење.
