Собрание

Власта и опозицијата со различни толкувања за извештајот на Европската комисија

05.05.2022 14:59

Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2021-ва на пленарка пред пратениците. Власта и опозиција различно го толкуваат. Најголем дел од дискусиите и репликите за тоа којшто направил или не направил додека бил на власт…

Со оценка 1.52 во извештајот на Европската Комисија за минатата година, факт е дека напредокот на државата во сите области е изоставен, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Бугарското вето, според Лефков ѝ оди во прилог на власта како алиби за неуспешноста да го отвори преговарачкиот процес. Наместо со реформи да се чекори кон евроинтеграциите, власта тоа го прави со корупција, како потврда за тоа во извештајот на Европската комисија нотирана и аферата „Мафија“, посочија од опозицијата.

Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ, со контра аргументи. Криминалот и корупцијата биле одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцираше дека токму за време на владеењето на СДСМ за прв пат се спроведува конфискација на нелегално стекнат имот, а го спомена и случајот за обидот за затскривање на причините за смртта на Мартин Нешковски.

Пратениците во своите дискусии во најголем дел правеа споредба на европските извешати изминативе неколку години. Работата на институциите и нивната ефикасност. Според владејачкото мнозинство ефикасноста на Собранието е на високо ниво.

На седницата се отворија и темите за користење на буџетските средства, за што пратениците од власта категорични дека секогаш се воделе од интересите на граѓаните.

Марина Стојанова Тонева