Допинг лупата и врз македонскиот спорт

09.04.2014 16:13

Преку едногодишната национална кампања за борба против допингот целта е да се реализираат низа активности, предавања и контроли...

Упорноста на Агенцијата за млади и спорт да се биде како држава дел од светската допинг агенција, испочитувана од истата со 19 850 илјади долари сретства  кои ќе треба да се оправдаат со дела. Хаосот со допингот на глобално ниво и превенцијата и заштитета од незнаење и немарност, со конкретни и прецизни чекори од утре почнува да гази и кај нас. Преку едногодишната национална кампања за борба против допингот целта е да се реализираат низа активности, предавања и контроли.

„Ова е едно многу важно прашање, посебно ако се земе во предвид дека младите се иднината на секоја земја, а спортот како важен сегмент во градењето на здрави личности, на здрави спортисти кои пред себе ќе имаат исправен систем на вредности. На крајот на краиштата духот на спортот треба да остане натпреварот и победата треба да му припадне на оној што е најдобро подготвен и спремен да издржи до крај во спортските битки, со дозволени сретства“, истакна со став за поддршка на кампањата Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Првиот човек пак, на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески вели дека „треба да се насочиме пред се во насока на едукација на стручните лица, на спортистите, на националните спортски федерации, тренерите, но и на медицинските лица кои што се грижат за здравствената состојба и тренажниот процес. Во рамките на спортските активности, да се престане да се користат оние фармаколошки допинг сретства кои што согласно националната листа се забранети”.

Факт е дека не сме критнична земја на оваа тема, но сепак од 2004-тата кога се спроведува допинг контролата кај нас, имаме 5 позитивни случаи.

Иницијаторот на нишката која постои како да не постои, а која е болна тема во спортот, спортската медицина, да се вметне како значаен фактор во спортот, доктор Зоран Ханџиски, вели дека оди тешко но почнуваат да се сфаќа суштината и тежината на спортската медицина. Како носител на анти-допинг агенцијата за допинг контролите, вели  дека „редовно се прават контроли во фудбалската федерација, кошаркарската, ракометната, потоа пливањето, во борењето, речиси редовни учесници сме на сите интернационални натпревари кои што се прават во Македонија“. Тој потенцира дека треба во иднина почести допинг контроли да се прават во нашите федерации и клубови.  

Конечно, сево ова да има поента, ќе биде потребно вистинските лица да се на вистинските места по клубовите и колективите, се со цел да се заштитат првенствено спортистите.

 

Ирена Андреевска