Медицинските сестри- дефицитарен кадар
Медицинските сестри се вбројуваат во дефицитарен кадар на глобално ниво. Според СЗО на светско ниво тој дефицит би достигнал бројка до девет милиони. Кај нас дефицитот според повеќе параметри се проценува на 50%. Одливот продолжува, а старосната граница се подигнува, затоа мора стратешки да делуваме почнувајќи од образовниот процес до озаконувањето на самата професија, порачаа на стартот од одбележувањето на интернационалната недела на сестринството од Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари…

Ние сериозно партиципираме во глобалниот дефицит на медицински сестри. По стивнувањето на пандемијата одливот на овој кадар е голем, а старосната граница се подига. Според пропорционалниот стандард, на 100.000 жители треба да има од 700-800. Ние во овој момент имаме околу 350, што говори дека во старт имаме околу 50 проценти недостаток на медицински сестри. Дефицитот го потврдуваат класичните медицински стандарди, потенцираат од Унијата на здруженијата на медицински сестри.
Првиот ден од интернационалната недела на сестринството посветена на акушерките. Професија која е хумана, но и одговорна кога треба да се внимава на здравјето на новороденчето и мајката.
Мораме да имаме континуирани конкурси за медицински сестри, но и стратешки да пристапиме кон отстранување на недостатоците во образовниот процес порачуваат од здружението.
Бешлиоска вели, ние сме единствени во регионот кои немаме Закон за нашата професија. Закон кој треба да ги даде нашите задолжувања, да ги штити нашите права, но и да ги уреди прекршочните одредби.
Стевче Митревски
