Македонија

Продолжен притворот на Зеќири за нови 30 дена

05.05.2022 19:24

Поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири доби нови 30 дена притвор. Тој е во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари од 9-ти април како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања во истрагата што ја отвори обвинителството за гонење организиран криминал и корупција...

Поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири доби нови 30 дена притвор.

Тој е во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари од 9-ти април како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања во истрагата што ја отвори обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Осомничени се и двајца хрватски државјани. Случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги за изработка на физибилити студија за пошта.

Обвинителството го сомничи екс-генералниот секретар дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма што чинел повеќе од договорното.