Продолжува штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги
Состанокот со министерот за правда завршил без договор за линеарното зголемување. Се договориле за јубилејните награди и за унапредување на повозрасните колеги. Ќе работат на колективниот договор...

Нема повисоки плати за матичарите.
Состанокот со министерот за правда завршил без договор за линеарното зголемување, бидејќи немало законска рамка за таквото барање. Се договориле за јубилејните награди и за унапредување на повозрасните колеги, а тимови на Синдикатот и на Министерството веќе од утре ќе работат на колективниот договор.
Претходно, вработени во Управата со протестен марш го изразија незадоволството од неисполнување на нивните барања – зголемување на платите за 30%, колективен договор на ниво на работодавец, како и унапредување на работните позиции.
Штрајкот продолжува. Во меѓувреме ќе се издаваат само итни документи, додека сите останати ќе бидат на чекање.
Управата за водење на матични книги, која брои околу 500 вработени, влезе во генерален штрајк од 27 април.
Анита Димитријевска Велковска
