Свет

Мистериозен хепатит ги напаѓа децата

06.05.2022 08:10

Новиот и сериозен вид на хепатитис регистриран кај околу 300 деца во дваесетина земји го вклучи алармот во светот. Научници, инфектолози, педијатри проучуваат зошто овие пациенти имаат тешко воспалување на црниот дроб и им треба болнички третман...

Новиот и сериозен вид на хепатитис регистриран кај околу 300 деца во дваесетина земји го вклучи алармот во светот. Научници, инфектолози, педијатри проучуваат зошто овие пациенти имаат тешко воспалување на црниот дроб и им треба болнички третман.

Како што пренесуваат светските медиуми, на дел од децата им била неопходна и трансплантација на црн дроб а кај половината заболени бил детектиран аденовирус – честа болест во детската возраст. Во нашата земја низ ординациите не поминале такви болни, но педијатрите внимателно следат што се случува во другите држави.

Засега нема точна причина за новиот хепатитис за кој прдупреди и СЗО, но опаѓањето на имунитетот како последица на двегодишниот живот со рестриктивни мерки е една од теориите на голем број лекари.