Македонија

Вежба „Брз одговор 22“

06.05.2022 09:03

Во текот на следните недели, 2.700 војници од Македонија и уште 7 земји-членки на НАТО, ќе спроведат обуки со боево гаѓање, но и дневни и ноќни скокови со падобран...

Во текот на следните недели, 2.700 војници од Македонија и уште 7 земји-членки на НАТО, ќе спроведат обуки со боево гаѓање, но и дневни и ноќни скокови со падобран.

Целта е да се демонстрира способноста на членките на алијансата за распоредување насекаде низ светот и на нивните војници да работат заедно професионално и успешно.

Вежбата ќе се изведува истовремено на 5 локации низ Европа. Ќе има надлетувања од хеликоптери, но и од транспортните и борбени авиони, ќе има десантни операции и ќе се реализираат над 700 падобрански скокови.

Во Македонија пристигнаа 1.800 падобранци од 16-та воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство, кои заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и нашите армиски сили, ќе спроведуваат обука на четири различни локации низ земјата.