СОНК-МОН

Продолжуваат преговорите за платите во образованието

06.05.2022 09:14

Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако до тогаш нема договор, преговорите ќе мора да се продолжат за уште десет дена. СОНК бара зголемување на платите за 18,5 насто, Владата им понуди 12 проценти повисоки плати...

Преговорите на Министерството за образование и СОНК, под покровителство на медијатор продолжуваат денеска. Од Синдикатот очекуваат конкретни одговори на нивните предлози.

Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни, објави Неделков на Фејсбук. Сè уште останува отвореното прашањето дали ќе се продолжи или не учебната година.

Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако до тогаш нема договор, преговорите ќе мора да се продолжат за уште десет дена. СОНК бара зголемување на платите за 18,5 насто, Владата им понуди 12 проценти повисоки плати.