Македонија
Стартува еко-акцијата „Генералка викенд 2022“
06.05.2022 10:04
„Да го собереме отпадот од најблиската околина и сите заедно да придонесеме за поздрава и позелена иднина за сите“, велат организаторите.

„Генералка викенд 2022“ - досега најголема еколошка акција што се спроведува во 26 општини низ државава, вклучително и во Скопје. Еко-акцијата е поддржана од Министерствата за животна средина и за земјоделство.
„Да го собереме отпадот од најблиската околина и сите заедно да придонесеме за поздрава и позелена иднина за сите“, велат организаторите.
Целта е да се собере што е можно повеќе отпад, при што за секои 10 килограми отпад, ќе биде засадено по едно дрво во новите пристапни шуми наречени „сончева гора“.
Акцијата „Генералка викенд“ во главниот град ќе се одвива на Водно.
