Нивелирање на казните- стимул за развој на компаниите

09.04.2014 16:55

Работодавачите сметаат дека за поттикнување на бизнисот казните прво треба да бидат превентивни...

Нивелирањето на казните е меѓу важните стимули за почнување, но, и за проширување на бизнисот - велат од овој сектор. Од Сојузот на стопански комори со став дека санкциите треба да бид реални, според големината на компанијата, бројот на вработените и остварената добивка. Новите мерки што се предлагаат би помогнале малите фирми навреме да ги следат законите.    

„Поголемиот дел од микро фирмите реално немаат капацитет да имаат правни служби кои би ги информирале за законските регулативи. Оваа мерка ќе овозможи да се адаптираат и прекршочната санкција да не значи банкротирање“, вели Митко Алексов  од Сојузот на стопански комори.

Работодавачите сметаат дека за поттикнување на бизнисот казните прво треба да бидат превентивни.

„Компаниите да бидат прво опоменати, а потоа казнети. Третирањето на компаниите според големина и во казнената политика е одлична основа компаниите да си го најдат своето место и да знаат како ќе бидат третирани“, рече Миле Бошков од Конфедерација на работодавачи.

Нашите соговорници велат дека големите казни одат во полза на сивата економија, а тоа го дестимулира реалниот сектор.

 

Дијана Ценевска